Најмалку осум лица загинаа, меѓу кои и деца, во денешната несреќа со минибус во јужна Турција, јави турската телевизија Си-ен-ен Турк.
Минибусот паднал во провалија со длабочина од 30 метри во провинцијата Хатај, околу 11.00 часот по локално време.
При инцидентот загинале осум лица, а останатите 18, кои се повредени, пренесени се во болница и укажана им е лекарска помош.
Повеќето патници во минибусот биле сириски државјани.