Џон Кери повика за влада на национално единство во Јемен за да се стави крај на војната

Од:

Државниот секретар на САД Џон Кери по средбата со лидерите на арапските земји од Советот за соработка во Заливот и претставници на ОН и Велика Британија во Саудиска Арабија изјави дека е договорен план за обновување на мировните преговори во Јемен и создавање на влада на национално единство.

На прес-конференцијата во Џеда со саудискиот колега Адел ал Џубеир, Кери изјави дека 18-месечниот конфликт во кој Ријад нанел илјадници воздушни напади во поддршка на владата во егзил, трае премногу долго и треба да запре.

Кери изјави дека шиитските бунтовници Хуси во Јемен треба да престанат да стрелаат во Саудиска Арабија преку границата, да го положат оружјето и да влезат во влада на единство со внатрешно-политичките опоненти.

– Се согласивме да заземеме нов пристап кон преговорите и истовремено да се разговара за аспектите и на политиката и на безбедноста, за да се постигне сеопфатен договор. Конечниот договор, во првата фаза ќе вклучува брзо составување нова влада на национално единство, повлекување на воените сили од главниот град Сана и други области и пренесување на тешкото вооружување, вклучувајќи ги балистички ракети, од хусите и нивните сојузници на трета страна, изјави Кери.

Државниот секретар на САД истакна дека Вашингтон поддржува што е можно поскоро обновување на меѓујеменските преговори под покровителство на ОН, пренесе ТАСС.

Би можело да ве интересира

САД со предупредување до Турција: Покажете легитимни докази

Предраг Петровиќ

Кери бара наоѓање „допирни точки“ со Русија во врска со конфликтите во Украина и Сирија

Емир Латифовиќ

Новиот државен секретар на САД е потомок на Иван Грозни