Американскиот потпретседател Џо Бајден и претседателите на Естонија, Литванија и Летонија, Томас Хендрик Илвес, Далија Грубаѕскајте и Рајмондс Вејонис денеска потпишаа заедничка декларација за продлабочување на соработката во сферата на безбедноста и одбраната.
Земјите-потписнички според декларацијата се задолжуваат да одржуваат редовни средби, да ги разгледуваат клучните приоритети, како и копнената, поморската и воздушната одбрана, но и безбедноста на границите, зајакнување на легалноста, националната безбедност и тртанснационалните закани.
Претходно, Бајден им порача на балтичките држави дека САД ќе го почитува ветувањето оти НАТО ќе ги штити и истакна дека комантарите на републиканскиот кандидат за претседател Доналд Трамп не треба да се сфаќа сериозно.
Бајден, кој е во посета на Летонија им порача на балтичките земји дека САД се посветени на Договорот на НАТО и Членот пет.
Посетата на Бајден на Летонија е во моментот кога се зголемени тензиите со Русија и во регионот, а Трамп изјавува дека доколку биде избран за претседател на САД, би можел да се откаже од одбраната на сите земји-членки на Алијансата.
Тој денеска ги отфрли коментарите на Трамп и нагласи дека САД се силно посветени на НАТО.
– Тоа што повремено го слушате од претседателскиот кандидат на друга партија… не е ништо што би требало сериозно да се сфати, посочи Бајден.