Ахмед Такан, советник на поранешниот турски претседател, Абдула Ѓул, не ја исклучува можноста Турција да и исплати компензација на Русија за соборениот авион во износ од пет милијарди долари, наведува турскиот весник “Хумријет“.
Кризата во руско-турските односи почна по соборувањето на рускиот бомбардер.
По инцидентот Русија воведе специјални економски мерки против Турција, а неодамна турскиот претседател се извини за соборувањето на авионот по што беше пречекан од Путин во Санкт Петерсбург.