Во терористичкиот напад во Газиантеп загинааа најмалку 50 лица

Од:

Бројот на жртвите од бомбашкиопт напад, извршен во југоисточниот турски град Газиантепе достигна 50 лица, информира гувернерот на округот Газиантеп, цитиран од светските агенции.

Бомбашкиот напад беше извршен за време на свадбена веселба. Меѓу жртвите има жени и деца.

Турскиот вицепремиер Мехмет Шимшек изјави дека експлозијата во Газиантепе, што се наоѓа во близина на границата со Сирија, веројатно е дело на атентатор самоубиец.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган утринава изјави дека групата Исламска држава најверојатно е наредбодателот на синоќешниот напад.

Засега ниту една терористичка организација не ја презеде одговорноста за крвавиот терористички акт.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ