ДОМ: Зошто не се штити јавниот интерес на сегашните жители на Тафталиџе 1?

Од:

Граѓаните од Тафталиџе 1 кои живеат таму јасно кажуваат дека со уништувањето на паркот драматично ќе се нарушат нивните условите за живеење. А тие имаат право на здрава животна средина загарантирана со Устав. Исто така, граѓаните имаат право на протест загарантирано со Устав. Оттука, кривичните пријави против граѓаните што го бранат паркот се неправедни и недемократски.

На каков и чиј јавен интерес се повикуваат општината Карпош и Јавното претпријатие за стопанисување со стамбен и деловен простор? Или интересот на овие сегашни жители на Тафталиџе не претставува јавен интерес за овие институции? Ако е така, тогаш чиј јавен интерес сакаат да заштитат институциите? На некој инвеститор кој веќе ја пресметал добивката од изградбата на уште една чир-зграда? На оние десетина семејства што ќе купат станови доколку се изгради планираниот објект на маркицата? По кои критериуми ќе бидат привилегирани новите, на сметка на старите жители на Тафталиџе? И конечно, дали зад сева оваа бескомпромисна битка за уништување на паркот не лежи сосем приземен личен интерес на грст високи функционери од власта?

ДУП-овите ги носат луѓе и тие истите, или некои други, може да ги сменат, доколку постојат објективни причини за тоа. Јавниот интерес на граѓаните на Тафталиџе 1 да живеат во поздрава и похумана животна средина е доволна причина за промена на ДУП-от!

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски