Македонските кошаркари последни на „Трофеј Македонија“

Од:

Македонската кошаркарска репрезентација го претрпе и вториот пораз на меѓународниот турнир „Трофеј Македонија“ што се одржуваше во СЦ „Јане Сандански“ изминатите три дена.

Нашиот национален тим во последниот меч на турнирот загуби од селекцијата на Босна и Херцеговина со 75:69, (26:20,14:13,17:27,18:9) и со скор од една победа и два порази „Трофеј Македонија“ го завршија на последното место.

Во првите две Македонија беше далеку од игрите и изданијата од претходните две кола. „Црвено-жолтите“ на стартот на третата делница влегоа во посакуваниот ритам и преку расположениот Ромео Тревис и стандардно добрите Војдан и Дамјан Стојановски успеаја да направат резултатски пресврт. На осум минути пред крајот Македонија водеше со 65:59. Тогаш Босна и Херцеговина направи серија од 12:0 што се покажа како решавачка за победникот на овој дуел.

Најефикасни во редовите на домашниот тим беа Ромео Тревис со 16, Александар Костовски со 14 и браќата Војдан и Дамјан Стојановски со 11 односно 10 поени.

Победник на турнирот е Белгија (2-1 победи-порази), втора е Црна Гора(2-1), а трета БиХ(1-2).

Би можело да ве интересира

Српски кошаркар доживотно суспендиран поради местење натпревари

Предраг Петровиќ

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ