Членови на раководството на Либерално-демократската партија се сретнаа со пратеникот Анне Мулдер, член на Долниот дом на Парламентот на Холандија, Џок Геселшап, Меѓународен секретар на VVD , како и со Даниел Кадик, директор на проектот на германската фондација Фридрих Науман за Југоисточна Европа.
На средбата претседателот на ЛДП, Горан Милевски ги запознаа гостите од Холандија со политичката состојба во Македонија и условите за одржување на фер и кредибилни избори на 11 декември оваа година.
-Милевски ја информира делегацијата од Холандија дека опозицијата во Македонија, вклучително и ЛДП е подготвена за победа на претстојните предвремени парламентарни избори! На 11 декември демократските сили ќе издвојуваат победа над авторитарниот режим и со тоа ќе овозможат Македонија да се врати на патот на евроатланските интеграции. Оваа недемократска и криминогена влада ќе биде срушена единствено по волја на мнозинството од граѓаните кои својата татковина ја гледаат исклучиво како дел од Европската Унија.
Од ЛДП ја изразија благодарноста до меѓународната заедница за нивната вклученост во надминувањето на политиката криза која е особено важна за исполнувањето на условите од Пржинскиот договор. Ова беа дел од пораките што либералдемократите ги испратија до своите холандски колеги.
Исто така, ЛДП изрази благодарност до Холандската влада предводена од сестринската партија VVD која донира медицинска помош во висина од половина милион евра за настраданите од невремето во Скопскиот регион.
Од страна на гостите од Холандија уште еднаш беше изразена безрезервна подршка за Македонија во нејзините напори да стане член на европското семејство и за ЛДП како важен партнер на VVD за овој дел на Европа.