Мајка на 5 деца во својот стан го чувала телото на починатиот сопруг и чекала да воскресне.
Таа имала психички проблеми и не можела да се соочи со смртта на сопругот во 2009. Жената била убедена дека нејзиниот сопруг ќе оживее.
Две од петте деца го фрлиле телото во контејнер, кога со мајка им се преселиле во друг стан, и така полицијата го пронашла.
Истрагата открила дека претходните речиси 3 години, од 2009 кога човекот починал, жената го чувала неговото тело во кревет во соба во станот во кој живеела со децата. Да биде уште поужасно, таа барала од децата да му зборуваат на трупот и да го хранат!
Кога се преселиле во нов стан дел од децата решиле да се ослободат од трупот.