ЛДП е згрозена од нефункционирањето на институциите во Битола

Од:

ЛДП е згрозена од нефункционирањето на институциите во Битола и нивното душманско однесување кон се она што претставува симбол и културно- историска вредност на градот.

Откако не успееја со продажбата на Офицерскиот дом во Битола, власта почна да применува нова тактика. Офицерски треба да се уништи, избербати и обезвредни до таа мера што самите битолчани да почнат да бараат да се продаде или пренамени, според нас, најубавиот и најрепрезентативниот објект на Широк сокак.

Зарем беше тешко таму да се постави 24-часовна чуварска служба, зарем беше тешко да се исчисти , да се осветли и да се заклучи објектот се до неговата реставрација. Власта изгледа не сакаше тоа да го направи, целта очигледно е негово уништување, а на тоа место можеби некој посакува да никне трговски центар, казино, паркинг или нешто слично кое ќе им обезбеди само краткорочен профит.

Офицерски сега го загуби и шест деценискиот лустер со непроценлива вредност, ама и сега никој ниту сака, ниту помислува да поднесe оставка.

Затоа, ние јавно повикуваме и бараме морална и кривична одговорност за првите луѓе на Завод и музеј Битола и ЈП Комуналец, кои ја имаат одговорноста да се грижат за Офицерскиот дом и за се што е во него, како недвижно и движно културно- исторско наследство на Битола.

Господа, не се потребни пушки за да се брани културното наследство од натрапници, потребна е стручност и професионалност на оние во чии раце е оставено тоа богатство.
Ако вака го штитите Офицерски, што останува за друго!

Би можело да ве интересира

Форумот на жени на ЛДП најостро го осудува нападот врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска

ЛИБСЕЕН го поздравува усвојувањето на извештајот на Европскиот парламент за Македонија и ја осудува дебатата за идентитетот

А1он

(ВИДЕО) Зајкова: Одбрана, дигитализација и брзо проширување за целосна интеграција на Западен Балкан

Половина милијарда евра повеќе од буџетот за одбрана да ги инвестираме во домашно производство – министерот Муцунски на линија со позициите на ЛДП, велат од партијата

Гувернерот на страната на ЛДП, на ред банките и Собранието

Зајкова: Единствена позиција за претстојниот НАТО самит и изработка на стратегија за инвестирање во домашната одбранбена индустрија