Со две победи над Севиља и без примен гол фудбалерите на Барселона го освоија трофејот од шпанскиот Суперкуп.
Каталонците синоќа на домашен терен славеа со 3:0 и со вкупни 5:0 заслужено стигнаа до првиот трофеј во новата сезона. Двоен стрелец беше Арда Туран, еднаш погоди Лионел Меси.
Аргентинецот против Севиља го постигна 26 гол, најмногу од сите шпански екипи.
За Барселона ова е 12 трофеј во ова натпреварување, прв по тригодишна пауза.