Тајфунот Омаис минатата ноќ ги погоди северноисточните и централните делови на Јапонија, јави ТАСС.
Поради тајфунот откажани се летовите и запрени се брзите возови кои се движат меѓу перифериите Фукушима и Јамагата.
Поради поројните дождови неколку патишта во префектурата Фукушима се под вода и нарушени се бродските врски меѓу островите Хокајдо и Хоншу.
Сега тајфунот е над северноисточните префектури Ивате и Мијаги.
Според прогнозата во вечерните часови тој ќе стигне до крајбрежјето на Хокајдо.