Димитриев: Многу луѓе немаат трансакциски сметки, сега работиме на исплата на авансот за штетите

Од:

Власта тврди дека во селото Стајковци најголем дел од улиците и домовите се исчистени и дека е извршена дезинфекција во над 85 проценти од домовите. Се ветува дека наскоро се очекува да започне и обештетувањето на граѓаните чии домови и имоти беа поплавени и уништени во невремето што на 6 август го зафати скопскиот регион. За потсетување, власта го одби предлогот на опозицијата за првична исплата по 50 евра за метар квадратен на сите жители од поплавените подрачја.

Премиерот Емил Димитриев, кој денеска беше во посета на селата Стајковци и Инџиково истакна дека се работи за голема сума на средства што ќе треба да се исплати.

– Сега работиме на исплатата на авансот. Многу луѓе немаат трансакциски сметки и како Влада го регулираме начинот како да го исплатиме авансот. Кога проценките ќе бидат конечни, како ќе стануваат валидни, така ќе бидат исплаќани средствата. Нема да се чека целосно да заврши проценката. Големи средства ќе бидат ангажирани од Буџетот, но мора да покажеме солидарност и разбирање за луѓето, истакна Димитриев.

Во селото Инџиково, кое, исто така, беше погодено од невремето, направена е проценка на околу 370 куќи, а во текот на утрешниот ден или евентуално во четврток се очекува целосно да заврши. Направена е и дезинфекција во околу 260 куќи.

Би можело да ве интересира

Емил Димитриев „извиси“, откако побара некои членови да одморат

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Емил Димитриев: Поддржувам освежување во партијата, некои треба да се одморат

Ана Ололовска

Честитка од Емил Димитриев по повод рамазанските пости

Ана Ололовска

Честитка од Емил Димитриев по повод Св. Кирил и Методиј

Ана Ололовска

Писмо со сочувство од Димитриев до британскиот премиер Меј

Ана Ололовска

Честитка од Димитриев по повод Националниот ден на Власите

Ана Ололовска