Државното турско обвинителство побара денеска две доживотни казни и дополнителни 1.900 години затвор за муслиманскиот верски лидер Фетулах Ѓулен, кој е обвинет дека го организирал воениот удар во Турција.
Обвинението против Ѓулен кое е напишано на 2.527 страни, го издаде обинителството на регионот
Усак, на западот на Турција.
Помеѓу другото, Ѓулен е обвинет за “обид за насилно уривање на државниот поредок“, и “формирање и водење на вооружена терористичка група“, објаи турската агенција Анадолија.
Ѓулен кој живее во доброволен егзил во американската сојузна држава Пенсилванија ги негира сите обвиненија на турската власт.