Продолжен рокот за увоз на камиони

Од:

Рокот за увоз на товарни возила кои ги исполнуваат ЕУРО 3 стандардите е продолжен до 1 јуни 2013 година, одлучи Владата на последната седница.

Одлуката, како што информираше денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, е донесена на барање на бизнис заедницата и претставува поддршка за транспортниот сектор.

– Ова значи можност за регистрација на ваквиот вид возила кои се внесени во државата и во меѓупросторот од овие две-три недели, како и регистрација на ваквиот вид возила кои се уште ги немаат завршено процедурите, појасни Ѓорѓиев.

На овој начин, додаде тој, директно ќе се олесни работењето на фирмите кои товарните возила ги користат за превоз на стоки, но претставува и поддршка за градежните компании кои користат ваков вид возила.

Би можело да ве интересира

Касами е категоричен дека нема преговори за рокади со министерствата

Разрешница за промените во Владата по заминувањето на Таравари ќе има следната недела

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има смена на министри

Катерина Ѓуровски

Делегациите на оваа власт сѐ повеќе наликуваат на свадбени патувања со државна логистика, Левица реагира на владината посета на Јапонија

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Се води одлучна борба против криминалот и корупцијата, се апсат лица кои до сега беа недопирливи