Руското министерство за одбрана по повод Денот на веното воздухопловство, за прв пат ги претстави новите воени авиони, ловците од петтата генерација Т-50.
Во спотот се прикажани снимки од ловецот МиГ-29КУБ, школски борбен авион, најновиот ловец Су-35С, морнарскиот ловец Су-33, стратешкиот бомбардер Ту-95 како и Т-50.
Во Русија се во тек тестирањата на ловците од петттата генерација ПАК ФА, познати како Т-50, кои за прв пат имаат полетано во 2010 година. Тестирањата треба да завршат во оваа година, а во 2018 година се планирани сериски испораки на овој авион.