Исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен денеска побара спроведување на меѓународна истрага за обидот на воен преврат во Турција, кој се случи на 15 јули.
Ѓулен најави и дека е подготвен самиот да се врати во Турција и да им се предаде на властите, доколу бидат докажани барем една десетина од обвинувањата што против него ги изнесува Анкара, која тврди дека тој е организатор на обидот за воен удар.
Турција бара САД да и го екстрадираат Ѓулен, кој од 1999 година живее во доброволен егзил во американската сојузна држава Пенсилванија, но Вашингтон нагласи дека ќе се согласи на екстрадиција само ако добие недвосмислени докази дека проповедникот е поврзан со обидот за преврат.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган вчера им постави ултиматум на САД да изберат меѓу Турција и Ѓулен.
– Порано или подоцна Америка ќе мора да избере. Или ќе се реши за пучистичката терористичка организација (на Ѓулен) или за демократската држава Турција. Таа е должна да го направи тој избор, изјави Ердоган.