Земјотрес од 7,2 степени во реонот на Вануату

Од:

Земјотрес со интензитет од 7,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска на околу 500 километри југоисточно од пацифичката островска држава Вануату, соопшти Американскиот геофизички институт.

Засега нема информации за евентулани жртви или предизвикани материјални штети.

Веднаш по земјотресот, беше објавено предупредување за можна појава на цунами, но тоа набрзо беше повлечено. 

Според Американскиот институт, земјотресот бил на длабочина од 10 километри под дното на Тихиот Океан.

Набрзо по овој, биле регистирани уште серија вторични потреси, меѓу кои и неколку со интезитет од 4,7 до 5,4 степени според Рихтер.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Сицилија

Силен земјотрес ја погоди Канада

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Лисабон

Силен земјотрес во Карипското Море северно од Хондурас

Во близина на Санторини денес се регистрирани три земјотреси