И Груевски се фати за лопата! Секоја чест, само напред

Од:

Откако лидерот на СДСМ Зоран Заев, три дена работи на терен, а Никола Груевски даваше наредби на институциите и се возеше со џипови и обезбедувања, што вроди со негативен ефект, пропагандата со друга приказна. Во сред поплава и животни судбини се одвива сурова политичка кампања.

Курир објави како Груевски и Диме Спасов работат, во чизми и со ракавици, а наводно биле фотографирани случајно од жителите, кои останаа без ништо, ама ете според приказнава, нашле и време да сликаат не една, туку десетина фотофрафии од Груевски од сите можни агли, и од внатре и од надвор.

За да биде понаивна целата пропаганда во коментарот под објавените фотографии пишува:

“Немаа камери, ама јас ги фатив, браво вакви луѓе ни требаат“

Во другите коментари неколкупати се спомнува “Вака се работи, секој чест“.

Што да се каже на ова освен “Одличен проект. Секоја чест, само напред“.

Би можело да ве интересира

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Надојдена Калковска Река, сообраќајот пренасочен

Најмалку девет лица загинаа во поплавите во Виетнам

Мексико: Поплавите уништија 100.000 домови, десетици се мртви, постои страв од уште една катастрофа