Хеликоптер со 14 патници исчезна во перуанските планини, а густата магла и снегот ја отежнуваат истрагата.
Во хеликоптерот патувале осум Јужнокорејци, еден Швеѓанец, Чех, Холанѓанец и тројца Перуанци, од кои двајца пилоти.
Последниот контакт на персоналот на Центарот за контрола на летање бил направен додека го прелетувал градот Хуалахуала, град кој се наоѓа на 4.000 метри надморска височина.
Сигналот од хеликоптерот доаѓа од еден недостапен терен во близина на врвот Апу Колк Круз во покраината Киспиканчи, но спасувачките екипи се уште не можат да пријдат и да го најдат загубеното летало.