ССМ: Седум слободни денови за работниците од поплавените подрачја

Од:

Сојузот на синдикати на Македонија денеска соопшти дека заедно со Организацијата на работодавачи на Македонија потпишале спогодба за измена на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството со која во случај на елементарна непогода бројот на слободни денови се зголемува од три на седум дена.

Со Спогодбата е дадена и можност бројот на слободни денови дополнително да се зголеми во случај на прогласување вонредна или кризна состојба поради елементарни или друг вид непогоди.

Ваквата измена на Општиот колективен договор, како што појаснува Синдикатот, е направена имајќи ги предвид последиците од елементарната непогода која ја погоди Македонија во саботата. 

– Со ваквите измени и дополнувања на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, ССМ и ОРМ, како најрепрезентативни социјални партнери од приватниот сектор, изразија подготвеност да помогнат во справување со последиците од елементарните непогоди, се наведува во соопштението од ССМ.

За спроведување и контрола на примената на Општиот колективен договор за приватниот сектор од  областа на стопанството директно ќе се вклучи и ќе биде надлежен Државниот инспекторат за труд.

Би можело да ве интересира

Трговците се алчни, прво ги зголемија, па ги намалија цените за да им остане истиот профит обвинува ССМ

Се повеќе пари се трошат на храна, минималната кошница за октомври 1000 евра

Трендафилов: Аргументите за пораст на платите се на наша страна, очекуваме сериозно да се разгледуваат на ЕСС

ССМ: Укината е срамната ревизија донесена од тројцата судии

Горан Наумовски

ССМ очекува благо зголемување на минималната синдикална кошничка

Горан Наумовски

ССМ: Борбата за раст на платите не е политичка