Фумио Кишида: Односите со Кина се влошени поради спорните острови

Од:

 Јапонскиот министер за надворешни работи Фумио Кишида изјави дека односите со Кина се „значително влошени“, затоа што кинески бродови продолжуваат да навлегуваат во спорните води на Источното Кинеско Море.

Кишида откри дека бил повикан кинескиот амбасадор во Токио, за да му биде изразен официјален протест на јапонската Влада, поради, како што рече, постојаните кинески упади.

Повод за протестот на официјален Токио е најновиот инцидент што се случи во петокот кога околу 230 кинески рибарски бродови, придружувани од бродови на кинеската крајбрежна стража пловеле покрај островите, за кои Јапонија и Кина тврдат дека се дел од нивната територија.

Јапонија ги контролира овие ненаселени острови, што Јапонците ги нарекуваат Сенкаку, додека за Кинезите тие се Диаоју. Околу малиот архипелаг во Источно Кинеското Море двете земји водат спор што трае повеќе децении.

Во најновиот протест од Токио се вели дека во текот на упадот од петокот, имало и 13 бродови на кинеската крајбрежна стража, што е „далеку најмногу досега“.

– Јапонија не може да прифати вакво однесување на Кина, кое претставува унилатерално зголемување на тензиитем рече Кишида, барајќи од властите во Пекинг веднаш да се повлечат од „јапонските територијални води“.

Кинескиот амбасадор по средбата во Министерството за надворешни работи во Токио изјави дека островите се „дел од територијата на Кина“, но се заложил двете земји да го продолжат дијалогот околу спорните острови.

Кина претходно ја отфрли можноста спорот да се реши со меѓународна арбитража.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови