Боздаг: Над 26.000 приведени во врска со обидот за пуч во Турција

Од:

Турскиот министер за правда Бекир Боздаг изјави денеска дека повеќе од 26.000 лица биле уаспени во врска со неуспешниот обид за воен преврат во земјата на 15 јули, а 16.000 се задржани во притвор.

Во врска со исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува за пучот, Боздаг истакна дека неговата улога во немирите е „факт, кој им е познат на сите“.

Турција бара екстрадиција на Ѓулен, кој живее во егзил во САД од 1999 година, но досега Вашингтон не одговорил на барањето. Според Боздаг, исламскиот проповедник веќе не е „корисен инструмент“ за САД.

– САД треба да соработуваат за безусловна екстрадиција на Ѓулен во Турција, нагласи турскиот министер.

Боздаг смета дека „инструментите кои дејствуваат со поддршка на странски сили“, не можат „да ја кројат судбината“ или да ја решаваат иднината на Турција.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ