Од денеска во „Скопје Сити Мол“ е поставен пункт за собирање на помош за настаданите во стравичните поплави кои викендов го зафатија нашиот град и однесоа повеќе од 20 жртви, многумина беа повредени и многу луѓе останаа без кров на главата.
Пунктот ќе биде отворен денеска во 15 часот и ќе работи до 22 часот. Утре и останатите денови ќе функционира секој ден од 10 до 22 часот.
Листа на потребни работи: конзервирана храна, вода за пиење, средства за хигиена, средства за дезинфекција, алати.
Пунктот е лоциран на самиот влез од страната на ул. Манапо (Карпош 3). Активиран е бројот 143 400 на кој може да донирате 100 денари.