Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија (играчи до 18 години) денеска ќе го одигра натпреварот за 15.место на Европското првенство – Б дивизија во Скопје. Противници на нашите јуниори им се врсниците од Данска. Почетокот на натпреварот е во 14:15 часот, а дуелот се игра во СЦ „Јане Сандански“.
На првенството денеска на програмата се натпреварите за конечен пласман на овој шампионат. На синоќа одиграните дуели од полуфиналето Црна Гора ја победи Словачка со 87:72, а Украина беше подобра од Унгарија со 78:58. Со овие победи Црна Гора и Украина обезбедија пласман во финалето и следната година да играат во А дивизијата.
Поразените репрезентации од полуфиналето Унгарија и Словачка вечерва во дуелот за трето место ќе се борат и за пласман во А дивизијата. Победникот ќе им се приклучи на репрезентациите на Црна Гора и на Украина.