В.О. (46) од Свети Николе полово се задоволувал пред деветгодишно девојче откако вчера околу пладне го пресретнал во влез од зграда додека се симнувало по скалите.
Како што соопшти полицијата, В.О. ги соблекол тренерките и почнал полово да се задоволува, а девојчето се исплашило и избегало. Попладнето, меѓу 18 и 19 часот, во присуство на основен јавен обвинител, било извршено препознавање и бил утврден идентитетот на сторителот.
Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот по што против В.О. ќе биде поднесена и соодветна кривична пријава.