Капитенот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Војдан Стојановски во новата сезона ќе го носи дресот на шпанската екипа Севиља. Ова е официјализирање на трансферот што беше најавен пред неколку дена.
Стојановски со тоа останува дел од шпанската кошаркарска елита бидејќи досега беше член на екипата на Андора (последната сезона имаше просек од 12,1 поен по натпревар).
Војдан Стојановски во Севиља доаѓа без обештетување бидејќи договорот му беше прекинат на штета на преходниот клуб.