Исланд противник на македонската јуниорска кошаркарска репрезентација

Од:

Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија (играчи до 18 години) вечер во натпревар за пласман од 13-16 место на Европското првенство Б дивизија што се игра во Скопје ќе игра против селекцијата на Исланд.

По вчерашниот минимален пораз од Белорусија (82:83), за нашите играчи денешниот дуел е нова шанса да се постигне третата победа на шампионатот. Со победа Македонија утре ќе игра за 13. место, а евентуален пораз ќе значи натпревар за 15. место.

Почетокот на дуелот е во 18:45 часот и се игра во малата сала на СЦ „Јане Сандански“.
Во полуфиналните натпревари што се играат во СЦ „Борис Трајковски“ ќе играат: Унгарија – Украина (почеток 18:45 часот) и Црна Гора – Словачка (почеток 21 часот).

Во двете сали, како и во СРЦ „Кале“ (мала сала), се играат и другите дуели за пласман на овој шампионат.

Би можело да ве интересира

Српски кошаркар доживотно суспендиран поради местење натпревари

Предраг Петровиќ

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ