Ѓулен од САД го осуди налогот за негово апсење издаден од суд во Истанбул

Од:

Турскиот свештеник Фетула Ѓулен, кој живее во САД, го осуди налогот за негово апсење што го издале турските власти, обвинувајќи го за организирање на обидот за пуч, пренесуваат британските медиуми.

„Документирано е дека турскиот судски систем не е независен, така што налогот за мое апсење е уште еден пример за тежнеењето на претседателот Ердоган кон авторитаризам и отстапување од демократијата“, соопшти вчера Ѓулен, кој негира каква било вмешаност во минатомесечниот пропаднат пуч, наведуваат британските медиуми.

Портпаролот на Стејт департментот, Марк Тонер, истовремено, кажа дека САД ги разгледуваат новите документи што Турција им ги доставила со цел да го екстрадираат Ѓулен, наведуваат британските медиуми.

-Турските власти во неколку наврати ни доставија документи и токму сега ние ги  разгледуваме, изјави портпаролот Тонер, додавајќи дека првата серија доставени документи не претставуваа формално барање за екстрадиција на Ѓулен.

Според него, потоа од Турција пристигнале уште документи, и во тек е процесот на нивно анализирање, при што се уште не е донесена конечна проценка.

Тонер додаде дека САД и понудиле помош на Турција во истрагата за пучот, но не кажа дали Анкара одговорила на понудата.

Американското Министерство за правда е задолжено за разгледување на документите за да се утврди дали тие претставуваат формално барање за екстрадиција на Ѓулен, кој од 1999 година живее во самонаметнат егзил во Пенсилванија, наведуваат британските медиуми.

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, предупреди дека односите со САД ќе се загрозат доколку САД не им го екстрадираат Ѓулен.

Вашингтон, меѓутоа, и порача на Анкара дека мора да понуди јасни докази за вмешаноста на Ѓулен во неуспешниот државен удар за процесот на екстрадиција да може да се почне.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ