Војдан Стојановски останува во шпанската лига

Од:

Капитенот на кошаркарската репрезентација на Македонија Војдан Стојановски и понатаму ќе настапува во шпанската АЦБ лига. Според локалните медиуми од Севиља тој треба да го носи дресот на истоимениот тим и најверојатно договорот ќе биде постигнат наскоро откако ќе бидат прецизирани сите детали.

На клупата на Севиља се наоѓа Жан Табак и тој изразил желба Стојановски да биде во неговиот тим. Капитенот на нашата репрезентација веќе има две сезони во шпанската лига откако преходно го носеше дресот на Андора. Ланскиот шампион тој го заврши со просек од 11.9 поени по натпревар, 2.5 скока и 2.4 асистенции.

Војдан Стојановски досега има настапувано за Вардар, АМАК СП и Фени Индустри од Македонија, Черкаси и Доњецк од Украина, Алба Берлин од Германија и Андора од Шпанија.

Би можело да ве интересира

Српски кошаркар доживотно суспендиран поради местење натпревари

Предраг Петровиќ

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ