Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека Владата треба да изврши целосен ремонт на државните институции по неуспешниот обид за преврат, што имаше за цел да ги собори од власта, пренесоа британските медиуми.
Ердоган, пред група бизнисмени, исто така, ја истакна неопходноста од итни чекори за преструктурирање на вооружените сили за време на вонредната состојба, што беше воведена по превирањата во земјата.
Мала фракција во рамки на армијата на 15 јули презеде крвав обид за преврат, убивајќи 230 лица и ранувајќи над 2.000.