Турција изрази разочараност од воздржаноста на ЕУ по неуспешниот преврат

Од:

 Претседателката на турската парламентарна делегација во Белгија, Сена Нур Челик изрази разочараност од воздржаноста на ЕУ по неуспешниот обид за преврат на 15 јули во Турција, пренесе ДПА.

– По првпат во земја која води преговори за членство во ЕУ, се случува преврат.

Очекувавме претставници од ЕУ да дојдат и самите да видат што се случува во Турција, наместо да читаат за тоа во весниците. Сите знаеме каква солидарност покажаа по нападите во Франција. Не сметам дека истото се случи и во овој случај. Тоа е многу разочарувачки, нагласи претставничката на турската владејачка Партија на правдата и развојот.

Челик упати критики и во врска со медиумските шпекулации, дека превратот можеби е инсцениран од владата на Турција за да ја утврди својата власт.

– Тоа е исто како да тврдиш дека 11 септември е внатрешно дело (на САД) или пак, дека терористичките акти во Брисел биле организирани од владата (на Белгија) – додаде Челик.
Пратеничката изрази извесно ретерирање во однос на враќањето на смртната казна во Турција, посочувајќи дека „во тој момент емоциите биле многу силни”, но дообјасни дека моментно тоа прашање не е на дневен ред.

Пратениците од неколку турски партии кои ја сочинуваат делегацијата на парламентарната комисија за надворешни работи разговараа со свои белгиски колеги, со претставници на белгиското Министерство за надворешни работи и со претставници на невладини организации.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ