Напад со нож во Лондон, една жена убиена, неколкумина повредени

Од:

Една жена почина, а петмина луѓе се повредени во нападот со нож во центарот на Лондон. Напаѓачот е уапсен.
Нападот се случи синоќа, кога маж со нож почна да ги боде луѓето кои поминувале по улица.

19 годишниот напаѓач е уапсен кратко време откако беше пријавен нападот и совладан со електрошок.
Полицијата во Лондон соопшти дека менталното здравје е “значаен фактор“ во овој напад но и дека “тероризмот“ останува предмет на истрага.

Во нападот се повредени уште тројца мажи и две жени, а нивната здравствена состојба засега е непозната.
Сведок кој се претстави како Мајкл, за “Дејли Мејл“ кажа дека видел жена на која крв и течела од грбот.

-Слушнав врисок, а потоа отидовме до паркот каде што видов девојка како лежи на земја, а крвта и течеше по грбот, рече сведокот кој додаде дека уште една евојка била повредена.

Според него, со двете жени биле и двајца мажи кои зборувала на шпански јазик.

По нападот на улиците на Лондон е зајакнато полициското присуство.

Би можело да ве интересира

Радиоактивен отпад пронајден во лондонската населба Хамерсмит

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Аеродромот Гетвик итно e евакуиран поради безбедносен инцидент

Горан Наумовски

Затворена е амбасадата на САД во Лондон, одекна експлозија

Горан Наумовски

Уапсен маж пред парламентот во Лондон, го фатиле со неколку ножеви во себе

А1он

(ВИДЕО) Пожар во висококатница во Лондон – 70 пожарникари се на терен

А1он

ВИДЕО: Фотографија на мајка и дете од Газа залепена на слика на Пикасо во Лондон