Зголемување на бројот на вооружени полицајци на улиците на Лондон

Од:

 Бројот на вооружени полицајци кои патролираат низ улиците на Лондон ќе биде зголемен, соопштија денеска лондонскиот градоначалник Садик Кан и комесарот на Метрополитен полицијата Бернард Хоган Хау.

Вооружените полицајци ќе бидат лоцирани во реонот на познатите лондонски знаменитости и места каде секогаш има многу посетители.

Според објаснувањето на полицијата, на улиците ќе бидат испратени дополнителни 600 вооружени полицајци, па нивната бројка сега ќе изнесува 2.800.

Ваквата одлука е донесена како последица на неколкуте терористички напади на европскиот континент, а со оваа мерка се настојува да се увери домашната јавност и посетителите на британскиот главен град во зголемената безбедност, но и да се предупредат потенцијалните напаѓачи.

– Немаме разузнавачки сознанија за некаков очекуван или потенцијален напад, па она што го правиме е резултат на сето она што го видовме во Западна Европа, изјави Хоган Хау.
Лондонските медиуми објаснуваат дека новите полицајци под оружје се тренирани за борба со тешко вооружени терористи.

Сите тие ќе бидат видливи на улиците на кои ќе престојуаат во текот на сите 24 часа.
Нивото на опасност во Лондон и во Велика Британија и натаму останува исто – дека ризикот од напад во главниот град и во земјата е „многу веројатен“.

Би можело да ве интересира

Радиоактивен отпад пронајден во лондонската населба Хамерсмит

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Аеродромот Гетвик итно e евакуиран поради безбедносен инцидент

Горан Наумовски

Затворена е амбасадата на САД во Лондон, одекна експлозија

Горан Наумовски

Уапсен маж пред парламентот во Лондон, го фатиле со неколку ножеви во себе

А1он

(ВИДЕО) Пожар во висококатница во Лондон – 70 пожарникари се на терен

А1он

ВИДЕО: Фотографија на мајка и дете од Газа залепена на слика на Пикасо во Лондон