Најмалку двајца загинати и 20 исчезнати при уривање на мост во Индија

Од:

Најмалку две лица загинаа, а 20 други се водат како исчезнати откако два автобуса со повеќе десетици патници и најмалку четири автомобили паднаа во водите на надојдената река Савитра, при уривање на дел од стар мост на автопатот Мумбај-Гоа во јужна Индија, јави ДПА.

Како што соопшти претставникот на локалната полиција Санџај Наик, несреќата се случила во округот Рајдаг во индиската сојузна држава Махараштра, на околу 170 километри јужно од Мумбај. 

Спасувачката акција во која се вклучени нуркачи, чамци и хеликоптери продолжува. 
Шефот на индиската Национална служба за вонредни состојби О.П. Синг, претходно ијзави дека веднаш по пријавата за несреќата на место на настанот се упатиле околу 80 спасувачи
– Но, силниот дожд ја попречува спасувачката операција, изјави Синг.

Како што јави индиската телевизија НДТВ, мостот што се урнал бил изграден „уште во времето кога Индија беше британска колонија“. Индија стекна незавиосност од Велика Британија во 1947 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати