Шведска соопшти дека нема да ги екстрадира во Турција луѓето со потекло од оваа земја, на кои им е одбиено барањето за азил, а за кои е „со сигурност потврдено“ дека се поврзани со неуспешниот обид за пуч во Турција.
Во соопштението на шведската Служба за миграција се наведува дека станува збор за „приврзаници на опозицискот лидер Фетулах Ѓулен“, муслиманскиот верски проповедник, кого Анкара го обвинува дека стои зад обидот за преврат.
Оваа одлука е донесена три дена по обидот за пуч на 15 јули, а објавена е денеска.
Службата додаде дека барателите на азил „со кредибилни политички опозициски активности“, исто така спаѓаат во ризичната група.
Не се наведува колку луѓе Шведска одбила да екстрадира во Турција, но минатата година во Шведска пристигнаа 253 азиланти од Турција.
Службата за миграција во соопштението наведува дека „и се потребни додатни информации за моменталната ситуација во Турција“.