СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги исклучи Тодор Петров и Ален Зекиров па ќe има кредибилитет

Од:

СДСМ излезе со писмена реакција на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Велат, целата јавност го знае ставот на СДСМ во врска со “Скопје 2014“. Повторуваат  дека повеќе од 70 илјади граѓани биле  присутни на  митингот на “Сојузот за иднината“, кој се одржа на скопскиот плоштад и велат, ништо не им фали на спомениците.

„За нас Скопје 2014 е и ќе остане најголемата пералница на пари, за која после смената на власта ќе направиме ревизија, бидејќи граѓаните треба да знаат како се потрошија половина милијарди евра на камен, бронза, огради, жални врби и барокни фасади и кој дебело се офајди од ова расипничко трошење на народните пари. Јасно е дека нашите политички конкуренти од ВМРО ДПМНЕ кои ниту имаат поим, ниту разбираат, а најмалку практицираат демократија, не можат да разберат и направат разлика кога некој јавно искажува лично мислење за одредено прашање“, велат од СДСМ.

Појаснуваат дека Советите на партијата се форма во која може да членуваат и лица кои не се членови на СДСМ, да дебатираат и да изнесуваат свои мислења за одредени прашања и партиски политики, а  одлуките и официјалните партиски политики и ставови се конечна одлука исклучиво на партиските органи на СДСМ.

„ВМРО ДПМНЕ ќе има кредибилитет да зборува тогаш кога ќе ги исклучи од партија на пример својот претседателски кандидат Тодор Петров, заради неговите анти ЕУ и анти НАТО ставови, поранешниот директор на партиската фирма “Аналитико“, Ален Зекиров кој усмрти пешак и  поранешниот градоначалник на Карпош Саша Димиќ кој си даде оставка од директорската функција во ЈСП “Турс“ затоа што беше обвинет дека претепал жена која била вработена во ова јавно претпријатие . Се останато е приземна и дрска манипулација на владејачката партија “, стои во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Краците на Орбан и Вучиќ коишто водат до Мицкоски ќе се демонтираат

(ВИДЕО) Кузмановска: ВМРО удри и по студентите, се намалуваат стипендиите, поскапува сместувањето во студентските домови

СДСМ: Владата бега од европските стандарди и реформите

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува со политиките на отстапки кон Бугарија

СДСМ: Мицкоски раскажува бајки – Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он