Јавен обвинител врши увид на сообраќајката кај Удово во која загинаа две лица

Од:

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Гевгелија врши увид на лице место на тешката сообраќајна несреќа кај Удово, во која животот го загубија две лица.

Сообраќајната несреќа се случи утрово, на магистралниот пат Демир Капија – Удово, кај месноста Света Петка, кога се судриле автомобил марка Ауди А4 со германски регистарски таблички, управуван од српскиот државјанин Д.С. (1970), автобус на „Струмица експрес“, управуван од Ѓ.В. (1956) и автомобил марка Фиат сеиченто со скопски регистарски таблички, управуван од Н.П. (1975 г.).

Во несреќата загинаа возачот на автомобилот и неговата сопруга, Б.П. (1984 г.), додека нивниот седумгодишен син е повреден и во критична состојба е префрлен на скопските клиники. Повредена е и сопатничката во аудито, германска државјанка, која со потешки повреди е задржана во Општата болница во Велес.

Се работи на утврдување на околностите под кои се случила сообраќајната несреќа. Возачот на аудито, државјанин на Р.Србија, е задржан. Надлежен јавен обвинител веднаш издаде Наредба за обдукција на телата на починатите лица, како и Наредба за технички преглед на автомобилот Ауди и на автобусот. Истовремено, земени се примероци од крв и урина на возачите, кои се ќе анализираат. Дополнително, се вршат разговори со сите инволвирани, со патниците од автобусот, како и со возачи-очевидци на сообраќајната несреќа.​

Би можело да ве интересира

Прегазен е малолетен пешак во скопско Визбегово

А1он

Мицкоски: По изборот на јавниот обвинител ќе се активираат многу предмети

Пет кандидати во трка за Државен јавен обвинител, пријавите доставени до Владата

Досега четворица пријавени за Државен јавен обвинител, огласот се затвора на полноќ

Горан Наумовски

Двајца загинати, тешко повредено дете во три сообраќајки во 24 часа

Анел Фидоски е избран за јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје

Горан Наумовски