Ердоган го обвинува Западот дека го поддржува тероризмот и пучистите

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го обвини Западот дека го поддржува тероризмот, како и пучистите кои се обиделе да го соборат од власт.

Медиумите оценуваат дека тоа е досега најжестокиот вербален напад на Ердоган врз западните сојузници на Анкара по неуспешниот обид за преврат на 15 јули.

– За жал Западот го поддржува тероризмот и стои зад пучистите, истакна турскиот претседател во обраќањето од својата резиденција.

Ердоган остро реагира против одлуката на германските валсти да му забранат обраќање преку видео-конференциска врска до своите приврзаници, кои во неделата се собраа во Келн за поддршка на демократијата.

Тој, исто така, нагласи и дека сценариото за осуетениот пуш во Турција „било напишано во странство.

– Овој преврат не беше само случување планирано одвнатре. Актерите дејствуваа во земјата според сценарио напишано во странство, изјави Ердоган, кој го обвинува исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, дека е одговорен за воениот удар.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ