Јилдирим: Турската економија посилна отколку пред обидот за пуч

Од:

 Турција и нејзината економија се посилни сега, отколку пред обидот за пуч на 15 јули, изјави турскиот премиер Бинали Јилдирим.

– Нашата економија се уште е силна како карпа. Немаше дури ниту мал економски шок. Таа ситуација сепак предизвика притисок во некои средини, изјави тој на прес-конференција во Анкара вчера, спомнувајќи ја конкретно рејтинг агенцијата Стандард енд пурс, која го намали кредитниот рејтинг на Турција. 

– Нашата демократија и владеењето на правото исто така сега се посилни по неуспешниот преврат, додаде Јилдирим. 

Во меѓувреме турскиот министер за царина и трговија Булент Туфенкчи изјави дека турската економија од обидот за преврат досега претрпела штета од триста милијарди турски лири (околу 90 милијарди евра). 

Според него финансиските пазари „дале мошне добра лекција“ по обидот за преврат.

– Доколку превратот беше во друга земја, пазарите немаше да отворат цела недела. Во Турција во петокот имаше обид за преврат, а во понеделникот банките, берзите, пазарите на стоки, трговските центри беа отворени. Камататите не скокнаа прекумерно. Берзата забележа само умерен пад. Нема потреба од ревидирање на податоците за раст и вредностите на извозот, рече тој.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ