Турската полиција спроведува голема операција во Военомедицинската академија во Анкара

Од:

Полицијата во Анкара извршува претрес во Военомедицинската акадмеија Ѓулхане (ГАТА) во рамки на истрагата против приврзаниците на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого властите го обвинуват дека стои зад обидот пуч. 

Издадени се наредби за апсења на сто лица, меѓу кои има и лекари. 

Денешната операција е дел од масовната кампања на властите, преземена по обидот за преврат од 15 јули. 

Турските власти претходно го уапсија пилотот Хасан Хусну, осомничен дека при обидот за преврат на 15 јули ја бомбардирал зградата на Парламентот во Анкара, јави Анадолија.

Судот во Анкара одлучи во притвор да се задржат ново 91 воено лице во рамки на истрагата во врска со обидот за државен удар, според властите организиран од Фетулистичката терористичка организација (ФЕТО).

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ