Попладне поројни дождови, грмежи и засилен ветер

Од:

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а во пладневните и попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Температурата ќе се движи од 24 до 36 степени.

Во Скопје претпладне сончево со умерена облачност, а попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Температурата ќе достигне до 32 степени.

Во среда ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд. Во следните денови времето ќе биде стабилно и потопло.

Би можело да ве интересира

Сончево и релативно топло со мала локална облачност

А1он

Ведро и студено утро, преку ден сончево и топло

До четврток сончево и топло, од петок и во викендот дожд

Студено утро, релативно топло преку ден

А1он

Топло во следните денови, УХМР најавува температури до 29 степени

Сончево со мала облачност и темепратури до 26 степени