Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа бележи нов напредок на ВТА листата.
Ѓорческа напредуваше четири позиции на најновата ранг листа објавена денеска, со што сега е рангирана на 215-тото место.
На врвот и понатаму неприкосновена е Серена Вилијамс, а по неа следуваат Анжелик Кербер, па Симона Халеп која вчера победи на Мастерсот во Монтреал.
Во “топ 5” се и Мугуруза, Радванска, Венус Вилијамс.