Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го одржа првиот тренинг по пауза од речиси половина година, откако во јуни поради повреда на коленото се повлече од терените.
Поранешниот светски рекет број 1 загуби во второто коло на Вимблдон, по што се повлече од тениските терени, пропуштајќи го вториот дел од сезоната меѓу што и Олимписките игри и Отвореното првенство на САД.
26-годишниот Рафа тренираше во родната Мајорка под водство на тренерот и чичко Тони Надал, а планот му е да се врати во форма за настап на првиот Грен слем турнир од новата сезона, во јануари следната година на Австралија опен во Мелбурн.