Романската тенисерка Симона Халеп е победничка на „Роџерс Куп“, односно турнирот во Торонто, кој е дел од Мастерс серијата,
Во финалето на овој турнир Халеп, која ја имаше улогата на 5-та носителка ја совлада 10-то рангираната Медисон Кејс од САД со 2-0 во сетови.
Првиот сет од мечот кој траеше неполни два часа, Романката го доби во тај-брејк со 7-6, но во второт Халеп беше далеку подобар противник, па на Американката и препушти само два гема, добивајќи го сетот со 6:2.
За Халеп ова е третта титула годинава, а од Монтреал заминува со заработка од 2,4 милиони долари, како и нови бодови со кои се проби на третото место на ВТА ранг листата.