Војската го презеде чувањето на амбасадите во Виена

Од:

Австриската армија го презеде денеска чувањето на странските дипломатски претставништва и сличните установи во Виена.

Вооружените сили ќе се грижат за безбедноста на 24 објекти во шест виенски окрузи. Вкупно 110 професионални војници ќе ги исполнуваат задачите во рамки на акцијата за пружање поддршка на полицијата. 

– На тој начин полицијата може да се посвети поинтензивно на задачите поврзани со имиграцијата и спречување и расветлување на криминалот, прецизираше во соопштение министерот за внатрешни работи Волфганг Соботка. 

Министерот за одбрана Ханс Петер Доскоцил нагласи дека војниците се подготвени за извршување на своите нови задачи. 

– Се додека не бараат, на полицијата на располагање ќе и бидат добро обучени војници за заштита на објектите, порача Доскоцил. 

За извршување на новите задачи војниците ќе бидат опремени, како што беше и полицијата за истата работа, со пепер спреј, службени пиштоли, а пред одредени објекти и друго оружје. 
Освен тоа војниците ќе имаат исто овластувања како што има полицијата, на пример, право некому да забранат пристап, со исклучок на легитимирање и апсење.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг

Убиство во Австрија: Ловџија усмрти градоначалник