Ѓоковиќ триумфира на Мастерс турнирот во Торонто

Од:

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ триумфално го заврши својот настап на „Роџерс купот“ во Торонто.

Светскиот рекет број еден Ѓоковиќ во финалето на Мастерс турнироит во Торонто го победи Јапонецот, Кеи Нишикори во два сета.

Во првиот сет, Ѓоковиќ му препушти три гема на Нишигори добивајќи го сетот со 6-3 , додека во вториот, љубителите на тенисот имаа можност да гледаат врвен тенис со голем број на атрактивни поени, за на крајот Србинот да го добие сетот со 7-5 и со конечни 2:0 во сетови да го освои „Роџерс купот“.

За Ѓоковиќ ова е четврти триумф на „Роџерс купот“, на кој беше најдобар и во 2007, 2011 и 2012 година, а воедно за него ова е и седми трофеј сезонава и јубилеен 30-ти од Мастерс турнирите.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен