НДМ: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ го прекршија Уставот, со Пржинскиот договор направија двопартизам

Од:

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ги усогласија, а Собранието ги изгласа законите за влада, внатрешни работи, медиуми и изборниот законик. Со овие закони, спротивно на Уставот дојде до воведување на двопартизaм во земјата, велат од НДМ.

„Колку за илустрација, еве неколку факти: Прво, МВР е сведено на проценти по вертикална и хоризонтална основа, наместо во МВР да се вработува по знаење, способност и достигнување. Дури, МВР станува партиски штаб, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си поделија проценти за вработување на 600 полицајци од најновиот оглас во МВР, иако сите ја плаќаме полицијата. Второ, формирано е ад хок тело за мониторинг на медиумите за време на изборите составено по желба само на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Трето, МРТВ си ја поделија меѓу себе, иако сите ја плаќаме државната телевизија. Четврто, за време на изборната кампања телевизиите согласно законот ќе емитуваат 18 минути политичко рекламирање на час програма од кои за власта осум минути и за опозицијата осум минути.

Оттука, НДМ ги осудува усвоените изборни правила кои се во корист само на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, со што се покажа дека овие две партии не сакаат фер и демократски избори за сите партии, туку тоа го посакуваат само за себе. Дури, НДМ таквиот чин го смета за непристоен пазар – учество на сите партии на изборите по изборни правила усвоени само од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ го бетонираа двопартизмот со обидот за брутална елиминација на останатите партии и реално учество на изборите само на две македонски партии, додека за сите останати македонски партии ќе владее медиумски мрак.

Затоа, НДМ силно ги охрабрува и во исто време ургира кај ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и странците инволвирани во кризата, да го забранат учеството на останатите партии и во следната изборна трка нека бидат само ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Во спротивно, за НДМ единствено преостанува со силна теренска работа да го повикаме народот да ни даде подршка и да дојде политичка структура која ќе ужива доверба од народот и ќе ги направи промените во земјата кои народот ги чека 25 години. Пропуштањето од страна на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да створат услови за еднаков третман на сите партии на изборите, за НДМ и македонскиот народ е тешко злосторство врз демократијата и брутална партизација на Македонија. НДМ е во постојано на терен и оттука сме убедени во желбата на народот за разбивање на двопартизмот, со гласање за нов политички избор кој храбро го започна НДМ, бидејќи 25 години нема достоинствен живот со менувањето на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните 25 години живеат под тешко софистицирано и озаконето економско ропство, на кое му се гледа крајот бидејќи се гледа определбата на народот за нов политички избор, дотолку повеќе со менувањето на власта на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, на земјата не и оди добро, народот живее во тешко економско ропство, каде со една интелектуална плата неможе да се живее достоинствен живот, а што да се каже со останатите структури кои живеат со уште помали плати.

Гласањето против двете партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, е пат кон гласање за нов политички избор кој храбро го предводи НДМ, затоа веруваме дека дојдено е времето за вистински промени со разбивањето на 25-годишниот двопартизам во земјата.

Владата на НДМ ќе ја укине изборната диктатура на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со воведувањето на законодавство кое гарантира еднаков третман на сите партии кои сакаат да учествуваат на избори како трајна определба која ќе гарантира вистинска демократија во РМ. Со воведување дебата за сите клучни прашања од национален, државен и граѓански интерес, со единствена цел, зголемување на стандардот на граѓаните и намалување на невработеноста во РМ“, истакнуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

„Единствена Македонија“: Скандалозно е што Заев избрал фукницонери кои си играат и учат како се води држава

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бачев поднесе иницијатива со која бара Македонија да не влезе во НАТО

Ана Ололовска

„Единствена Македонија“ официјално ќе побара од Собранието повлекување од НАТО

Ана Ололовска

НДМ стана „Единствена Македонија“: Сојуз со Русија и членство во Еворазиската унија

Наум Локоски

НДМ: Нимиц ја крши резолуцијата 817, Македонија да го префрли спорот за името на правниот терен

Ана Ололовска

НДМ: Столтенберг да им пренесе на НАТО и ЕУ – Жива е Македонија, жив е македонскиот народ!

Ана Ололовска