СДСМ: Тодоров вовлекува лекари во одговорност, инфекција на Очно има и се шири?

Од:

Никола Тодоров трети ден бега да го објасни скандалот на Клиниката за очни болести при Клиничкиот центар во Скопје што според информациите кои излегуваат се шири. Во какви размери е инфекцијата на Клиниката за очни болести, колку пациенти се со компликации после операции и која е причината, велат од СДСМ.

„Тодоров, како и секогаш се крие и зад ова раководството на Клиниката, коешто оставено да го правда, од паника, притисок или невнимание самото се вовлекува во дообјаснувања што водат до сериозна правна одговорност!

Раководството на Очната клиника не ја одрече информацијата од болнички кругови дека бројката на инфицирани пациенти за едно денонокие се зголемина од 15-мина, на 25-мина. Раководството на Клиниката потврди дека формирале Комисија за стручен надзор, којашто земала брисеви од работни површини, материјали од пациенти, стерилни шприцеви.

Ако немало компликации од инфективно потекло зошто е тоа направено? Зошто се преземени вонредни здравствено хигиенски прегледи на вработените во Клиниката, ако инфекција нема? Дали до Институтот за јавно здравје и до Државниот здравствен санитарен инспекторат
се пратени пријави за интрахоспитални инфекции и од тие причини се спроведени вонредни санитарни и бактериолошки испитувања на Клиниката за очни болести?

Повторно прашуваме, дали загаден препарат употребен за време на операции на пациенти е причина за инфекциите? Во каква здравствена состојба се пациентите со компликации по операциите? Според годишниот извештај на Институтот за јавно здравје во текот на 2015 од Клиниката за очни болести при Клиничкиот центар, само 3 пати се земени брисеви од предмети.

Според Светската здравствена организација, болничките инфекции на оделенијата за очни болести се едни од најретките во Европа и Југоисточна Азија. Тодоров не смее да молчи за случувањата на Очната клиника. За сите последици врз здравјето на граѓаните ќе одговараат Никола Тодоров и неговите соработници“, стои во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со апсење само на поранешни полицајци истрагата за Кочани станува фарса

(ВИДЕО) Зекири: СДСМ бара оставка од Таравари по скандалот на Кардиохирургија, ова е хумана катастрофа!

Горан Наумовски

СДСМ за скандалот во Неготино: Пет пати повисоки цени за пазарот, институциите мора да реагираат

Тошковски обвинува за координиран опозициски напад кон него, СДСМ му порача дека има панични испади

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Костовски: Скандал во Неготино, пет пати поскапи цени од реалните: Пазар од злато или пари во џеб?

СДСМ: Истрагата за Кочани е фарса под команда на ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски