ОЈО Гостивар нареди обдукција и на вториот труп пронајден на Бистра

Од:

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Гостивар е на лице место и врши увид на локацијата на падините на Бистра, во близина на селото Гари, каде што попладнево беше пронајдено уште едно мртво тело.

Како што информираат од ЈО на РМ, надлежниот обвинител веднаш издал наредба за обдукција на пронајденото тело, која ќе се врши на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија во Скопје.

– Во меѓувреме, Основното јавно обвинителство – Гостивар ги очекува резултатите од обдукцијата на првопронајдениот машки труп во распаѓање, за кого првичните сознанија упатуваа дека е еден од двете исчезнати лица – татко и син, по кои неколку дена интензивно се трагаше на Бистра, соопшто ЈО на РМ.

Оттаму прецизираат дека реултатите од обдукцијата треба да го утврдат точниот идентитет, како и да ги расветлат причините за смртта на двете лица.

По добивањето на официјалните резултати од Институт за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, Основното јавно обвинителство – Гостивар ќе ја информира јавноста.

Би можело да ве интересира

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ

ОЈО: Истрага за царинските измами со цигари – штетата на Буџетот е над 4 милиони евра

А1он

Кратовец со нож прободе полицаец, ќе оди во притвор

А1он

ОЈО води истрага за проневера и перење на над 2,2 милиони евра – првоосомничен е сопственик на фирма од Кучевиште

А1он

Нови седум осомничени за транспортот на марихуана од Македонија во Србија

А1он

Резултатите за квалитетот на гостиварската вода ќе бидат готови утре